Ленче Ристоска именувана за јавен обвинител за врски со Европравда

Од:

Министерот за правда Кренар Лога на предлог на Јавното обвинителство на РСМ ја именуваше Ленче Ристоска за јавен обвинител за врски со Европравда информираше Министерството за правда.

– Лога и посака успешна работа на Ристоска со желба да се продолжи континуитетот на досегашната соработка со Европравда. Огласот од страна на Јавното обвинителство беше отворен од декември 2022 година согласно член 112 од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја. Соработката со Европравда е од исклучително значење за Република Северна Македонија од аспект на борбата со прекуграничен криминал и борбата против тероризмот, се вели во соопштението од Министерството.

Би можело да ве интересира

Ленче Ристоска: Не е точно тврдењето на државниот обвинител Савески дека предметот „Талир 2″ ќе беше во мое надлежно постапување доколку не поднесов оставка

Предраг Петровиќ

Ристоска: Ми го земаа предметот „Талир 2“ за да се спаси имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

Бесими: Овде нема расправа, усвоен е отказот на Ленче Ристоска

Савески жали за одлуката на Ристоска, очекувал од неа значаен придонес

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Савески ги редефинира овластувањата – Ристоска повеќе нема да постапува по „Талир“

Горан Наумовски