Лефков: ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија на сите пресуди каде криминалци во време на СДС наместо затворски добиле пониски казни

Од:

ВМРО-ДПМНЕ бара итна ревизија на сите вакви пресуди и судските органи да покажат зголемена одговорност во одлучувањето. Безбедноста на граѓаните мора да биде приоритет, а не заштитата на поединци блиски до СДС. Судството мора да престане со практиката на селективна правда и конечно да работи во служба на граѓаните, а не на одредени политички и криминални структури, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

– Јавноста е шокирана од настојувањето на Кривичниот суд да ја оправда својата одлука со која лице, кај кое биле пронајдени над 80 пакувања амфетамин, било третирано со воспитна мерка наместо со построга санкција. Наместо да ја преземе одговорноста за очигледниот пропуст, судот продолжува да го брани својот став, дури и по тоа што истиот сторител, на слобода, предизвика трагедија со одземање на невин живот.Ова однесување повторно ја оправдува катастрофалната оценка што граѓаните му ја даваат на судството – „двојка минус“. Наместо да биде чувар на правдата, македонското судство повеќе се грижи за формални оправдувања отколку за вистинска правда. Судијката која ја донесе скандалозната одлука за ослободување на сторителот не е непозната за јавноста. Во изминатите седум години беше главен извршител на политичките монтирани процеси на СДС против ВМРО-ДПМНЕ, носејќи драконски казни за политички неистомисленици, додека криминалци и нарко-дилери блиски до поранешната власт добиваа поблаги санкции или беа ослободувани, вели Лефков.

Овој случај е дополнително скандалозен затоа што сторителот бил третиран како „млад возрасен“, категорија што судството ја користи за да доделува поблаги санкции, иако се работи за полнолетно лице кое веќе извршило сериозно кривично дело. Наместо да се земе предвид количината на запленетата дрога и ризикот што го претставува, судот решил да примени воспитна мерка, со што овој случај заврши со фатални последици, потенцира Лефков.

– Ова не е првпат судот, под влијание на СДС, да носи одлуки што завршуваат со човечки трагедии. Потсетуваме дека истото се случи кога нивниот човек, Зоран Милески – Кичеец, беше пуштен од затвор пред време, а потоа направи страшна сообраќајна несреќа кај Стража во која загина човек. Останува прашањето – колку други вакви случаи има за кои јавноста не знае? Колку други блиски луѓе до СДС биле пуштени на слобода, наместо да одговараат пред законот? Дали судството стана инструмент за заштита на одредени интереси наместо да биде гарант на правдата, рече пратеникот на владеачката партија.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани – Штип

А1он

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Прегазен е малолетен пешак во скопско Визбегово

А1он

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси