Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Од:

Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра. Венко Филипче да не се крие и да одговори, дали јахтата со која крстари по Егејското море е на Заев и е од марката Рива? Дали истата ја купил 850.000 евра? И на која фирма ја регистрирал, праша на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

– Венко Филипче да го праша Заев како е купена јахтата, и дали се употребени пари од државни тендери? Венко Филипче да им каже и на неговите во партија дека додека тие држат пресконференции за сиромаштија, тој ужива во раскошот на најдобрите пловила на светот, што ретко кој претприемач и бизнисмен од Македонија и регионот може да си го дозволи, а за лекар воопшто не станува збор. Безпредметно е лицемерието и обидите на лажното душегрижништво од СДС кога нивниот сегашен и поранешен претседател за неколку часа пловење со јахтата трошат една просечна плата само за гориво. И кога следен пат од СДС ќе се загрижат за народот или ќе лажат како тешко се живее нека му се јават на Филипче да го прашаат каде е, да не излезе некоја слика од фотографија од приватен авион, рече Лефков.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

А1он

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

(ВИДЕО) Филипче: Законот за високо образование е катастрофално лош, бараме да се повлече

Горан Наумовски

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он