ЛДП: Наместо ветените 72 милиони евра, инвеститорот на ВМРО-ДПМНЕ во депонијата Дрисла за 5 години не вложи ниту едно евро

Од:

„По 11 години владеење, ВМРО ДПМНЕ конечно се сети на проблемот со управување со отпадот. Покрај ова, не треба да се заборави дека ВМРО ДПМНЕ е на власт долги години и во најголем број на општини. Во Македонија постојат 54 депонии од кои, само една – депонијата Дрисла, покрај Скопје, исполнува мал дел од предвидените национални стандарди.

Во 2005-та година, кога министер за животна средина и просторно планирање беше членот на ЛДП, д-р Зоран Шапуриќ, во консултација со домашни и со европски експерти беа усвоени плански документи со кои се предвидува решавање на депонирање на отпадот преку изградба на регионални депонии и со поттикнување на општините да изградат регинални депонии со здружување на сите свои потенцијали.

Оттогаш, за 11 години апсолутно владеење ВМРО ДПМНЕ не покажа никаков интерес за решавање на овој проблем и само неколку дена по заминување во опозиција, преку демагошки пристап, товарот го префрла на новата реформска влада.

Либерално-демократската партија потенцира дека единствено што направи ВМРО ДПМНЕ за овој период е предавање на депонијата Дрисла на управување на странската компанија, која се обврза да вложи 72 милиони евра во модернизација на депонијата преку изградба на низа постројки за современа преработка на отпад и набавака на нова механизација.

Згора на ова, за да овозможи поуспешно работење на странската компанија, пред склучување на договор за отстапување за управување со депонијата, градот Скопје реализираше набавка на механизација и се обврза да изгради современа постројка за согорување на медицински и други видови на опасен отпад.

Наместо ветените инвестиции од 72 милиони евра, по пет изминати години оваа странската команија не изгради ниту една од ветените постројки за предтретман и преработка на отпад и не набави никаква механизација, депонирајќи го отпадот на ист начин како и пред склучување на договорот, со посветеност на остварување на профит. Медицинскиот отпад и понатаму се согорува во инсталација со прастара технологија која не е во согласност со ниту еден утврден стандард, согласно националната регулативата и регулативата на ЕУ.

Во оваа прилика ЛДП ја повикува ВМРО ДПМНЕ, наместо демагошки пристап, како конструктивна опозиција да пристапи кон решавање на проблемите на депонирање на отпад и да влијае врз своите градоначалници за забрзување на изградба на регионални депонии преку меѓу општинската соработка“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ