ЛДП: Граѓаните на Центар одлучно гласаа ЗА ГТЦ

Од:

ЛДП им честита на храброста и одважноста на сите граѓани на општина Центар, кои што денеска  и покрај сите притисоци и нерегуларности, излегоа во голем број и го дадоа својот глас „ЗА“ зачувување на автентичниот изглед на ГТЦ.

Референдумот за ГТЦ е  успех за граѓаните на Центар кои одлучно и се спротиставија на солудата идеја на Никола Груевски, овој урбан  белег на Скопје да го маскира со неговата квази барокна сценографија.

Граѓаните на Центар покажаа висока свест за драматичната ситуација во која се наоѓаме и ја насочија сета енергија кон една цел; нормализирање на состојбите во нашата држава,  со тоа чекор поблиску кон цивилизиран свет и чекор подалеку од ова варварство на ДПМНЕ.

ЛДП не е изненадена што Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, не покажа ниту малку храброст да се спротистави на политиката на Груевски и да излезе да гласа за референдумот за ГТЦ, кој пред се е граѓанска иницијатива.

Борбата за ГТЦ и борбата за враќање на инситуциите на системот од канџите на оваа недемократска власт продолжуваат, враќање назад нема.

Би можело да ве интересира

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

A1on

Вклучи-исклучи на струјата во ГТЦ: Менаџментот ветувал дека ќе го плати долгот, за дуќанџиите да не останат во мрак

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Дојави за бомби во ГТЦ, во МНР и во неколку школи, во тек евакуација

Катерина Ѓуровски

Габриел Бајрам не се јавил на распит во полиција, ама се јавил на поканата за прослава на Владата

Кристијан Ландов