Лани собрани 630.086 тони комунален отпад

Од:

Во државава лани вкупно се собрани 630.086 тони комунален отпад што е намалување за 0,4 отсто во споредба со 2019 година. Годишното количество на создаден комунален отпад по жител изнесува 452 килограми или за еден отсто помалку од истото количество во 2019 година. Најголем дел од собраниот комунален отпад – 99,8 отсто е исфрлен на депонии.

Според податоците на Државниот завод за статистика, најмногу комунален отпад – 170.660 тони или 27,1 отсто е собран во Скопскиот регион. Од вкупното количество на комунален отпад, 522.954 тони или 83 отсто се собрани од домаќинствата, а останатите 17 отсто е комерцијален отпад собран од правни и физички лица.

Најголемо количество од вкупно собраниот отпад е измешаниот комунален отпад – 525.745 тони или 83,4 отсто, а најмало отпадот од гума 1.005 тони или 0,2 отсто.

Вкупното количество на создаден комунален отпад во 2020 година изнесува 913.033 тони.

Би можело да ве интересира

Реакција на Општина Ѓорче Петров: Арсовска да не раскажува ловечки приказни, нека сработи нешто

Арсовска: Вработен во Ѓорче Петров имал дива депонија, општината била клиент, следуваат кривични пријави

Александар Тодески

Во Шведска изби најголемиот еколошки скандал во последните 50 години, обвинети се 11 лица

Велес пред нова еко-катастрофа: Троската од Топилница полна со олово ќе се дроби и меле пред да се извезува

Орце Костов

Засадени 50.000 дрвја во Велешко, за две години 90.000 со акцијата за пошумување „Сончева Гора“

Откриен опасен отпад во близина на скопското село Орман