„Лајм“: Ахмети и Теута инсистираат да продолжи љубовта со Груевски

Од:

Во ДУИ постoјат сериозни поделби околу понатамошното остaнување во владината коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, објави весникот „Лајм“ , повикувајќи се на партиски извори.

Најголемиот дел од партијата, пишува весникот,  се против понатамошно продолжување на „љубовта“ со ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи партијата на премиерот Никола Груевски не се однесува со почит кон ДУИ, не се однесува  како кон партија од која зависи владиното мнозинство.

Истите извори велат дека незадоволствата се појавиле уште во почетокот на мај, веднаш после, како што наведува весникот, контроверзната полициска акција „Монструм“.

„Уште од тогаш незадоволството постојано расте, поради неисполнување на некои клучни предизборни ветувања, како што се статусот на бившите припадници на ОНА и забрзувањето на евроатлантската интеграција на земјата. Овие незадоволства кулминирале со последниот предлог закон поднесен од ВМРО-ДПМНЕ за „бранителите“, пишува „Лајм“.

Во редовите на ДУИ биле изненадени оти лидерот Али Ахмети инисистирал да продолжи коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, загрозувајќи го на тој начин и својот кредибилитет пред партиското членство.

Весникот пишува дека не постои објаснување зошто сега, за  продолжување на оваа коалиција инсистира вицепремиерката Теута Арифи, која претходно, јавно апелираше ДУИ да се одлучи дали е со народот или со Груевски.

„Не ние е јасно зошто на Теута сега повеќе и се допаѓа коалицијата со Груевски и ВМРО-ДПМНЕ отколку коалицијата со народот. Навистина не постои никакво логично објаснување освен некој евентуален личен интерес“, пишува „Лајм“.

Објаснувањето пред незадоволните партиски структури  и овој пат било дека „меѓународната заедница инсистира ДУИ и понатаму да остане во владата“. Меѓутоа, ваквите оправдувања веќе не држат вода пред партиските структури, вели истиот извор за „Лајм“.

„Пологично ќе ми звучеше доколку се даде објаснување дека меѓународната заедница инсистира да излеземе од ова антизападна влада, отколку да останеме“,вели партискиот  извор за весникот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он