Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски свесно погазија по идеалите на Илинден

Од:

Уште еднаш се докажа дека Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ немаат ни малку државничко однесување а нивната единствена агенда се деструкциите, блокадите и дејствување на штета на државните и националните интереси, посочи портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на денешната прес-конференција.

„Илјадници граѓани масовно, гордо и достоинствено, во Крушево го чествуваа големиот национален празник 2ри Август – Денот на Републиката. На достоен начин беше оддадена чест и признание на славните предци од Илинденското востание и од народно ослободителната борба. Но и оваа како и години претходно ВМРО-ДПМНЕ на најголемиот државен празник, продолжи со недостоинствено, неодговорно и антидржавно однесување“, вели Кузеска.

Според неа делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Александар Николоски, свесно доцнела на предвидената агенда, за потоа да ја напушти манифестацијата пред интонирањето на државната химна.

„Тоа е нечесно, неодговорно и срамно однесување. ВМРО-ДПМНЕ на Мечкин камен свесно го сквернавеше Денот на републиката, државниот празник го злоупотребуваше во дневно партиски цели. На тој начин ВМРО-ДПМНЕ погази по идеалите на Крушевскиот манифест, ги погази жртвите од Илинденското востание, дадени за слободна држава. Исто постапуваше и Христијан Мицкоски кој наместо да се појави на некое од најважните локации, тој Илинден го чествуваше приватно, осамен и опкружен единствено со едвај стотина негови поддржувачи“, истакна портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

Би можело да ве интересира

Опозицијата тврди: Наместо економски напредок, Македонија се соочува со стагнација

Власта со критики до опозицијата: Стравот од изборите стои зад блокадите на Изборниот законик

Горан Наумовски

Мицкоски ги прекори опозициските партии дека и по неколку дена не усогласиле став за Изборниот законик, СДСМ експресно му одговори

(ВИДЕО) Кузеска: Владата ги излажа пациентите – лекот „Фостер“ поскапе, бесплатениот го нема во аптеки

ВМРО-ДПМНЕ: Капиталните проекти го менуваат ликот на Македонија

СДСМ: Се разоткри вистинската цел на власта околу измените на Изборниот законик