(ВИДЕО) Кузеска: Владата ги излажа пациентите – лекот „Фостер“ поскапе, бесплатениот го нема во аптеки

Од:

Владата на Мицкоски ги изигра и ги излажа пациентите кои боледуваат од астма и хронична опструктивна белодробна болест. Прво, Фондот за здравствено осигурување ја зголеми цената на лекот „Фостер“ од околу 300 на 1.080 денари. Во оваа сиромаштија во која ВМРО ги доведе граѓаните, многу пациенти едноставно немаат можност да издвојат уште 780 денари плус за терапија без која не можат нормално да живеат, изјави Богданка Кузеска од СДСМ.

– Фондот им вети на пациентите бесплатен генерички лек како замена за лекот „Фостер“. А, сега ниту тој генерички лек кој на рецепт е бесплатен, според информациите кои стигнаа до нас, се уште го нема во аптеките. Ова е бесрамно поигрување со здравјето на хронично болни пацинети чие здравје зависи од овој лек. Тотален хаос, негрижа и неодговорност! Ова не е лек што може да почека. За пациентите со астма и хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), тоа е секојдневна терапија без која болеста може сериозно да се влоши.

Овие пацинети зависат од редовната терапија, и секое нередовно земање на лекот може сериозно да го влоши нивното здравје. Кој ќе понесе одговорност тогаш? За жал, ова не е првпат граѓаните да останат без неопходна терапија. Минатата година онколошките пациенти беа оставени без биолошка терапија. И најиронично е што човекот кој направи хаос во Фондот за здравство- Мицкоски го награди со министерска за функција и тоа повторно во ресорот здравство. После две години од ВМРО на власт, се случува распад на здравствениот систем кој не може да го заштити она што е највредно – здравјето на граѓаните.

Наместо функционален здравствен систем, имаме систем во кој пациентите секојдневно стравуваат дали ќе ја добијат терапијата што им го спасува здравјето. СДСМ бара одговорност и преземање итно мерки за обезбедување непречена достапност на терапијата за сите пациенти. Здравјето не смее да биде жртва на оваа расипничка Влада, која толку го испразни буџетот за својот луксуз и тендери, што сега цената ја плаќаат граѓаните. Престанете да си поигрувате со здравјето на луѓето. Граѓаните заслужуваат здравствен систем што ќе се грижи за нив, а не власт која од ден на ден им го отежнува лекувањето и им го загрозува животот, рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата