Курц вети поддршка од Австрија, задоцнетите преговори на С.Македонија да почнат до јуни

Од:

Австрија во потполност го поддржува европскиот пат на целиот Западен Балкан и ќе се залага за започнување пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија во првата половина на оваа година. Наш стратешки интерес е да го внесеме регионот во ЕУ што е можно побрзо.

Ова го вели австрискиот канцелар Себастијан Курц во интервју за февруарскиот број на белградскиот магазин КорД, јави дописникот на МИА од Белград. Тој изрази посебно жалење што Северна Македонија, како „примерен-кандидат“, сè уште ги нема отворено пристапните преговори со ЕУ.

-Австрија ќе се залага за започнување на долго задоцнетите преговори за членство со Северна Македонија и Албанија во првата половина на 2021 година, додаде Курц.

Србија, пак, истакнува тој, има единствена одговорност да покаже дека Западен Балкан напредува по својот европски пат со значително забрзување на сопствените реформски напори и постигнување на конкретни и опипливи резултати во владеењето на правото и другите основни области.

-Постојаниот ангажман со добра волја во преговорите и постигнување на сеопфатен и правно обврзувачки договор за нормализирање на односите (со Косово) е клучно за напредок на европскиот пат, кажа Курц.

Тој исто така изјави дека Австрија останува пријател на Западен Балкан и во време на кризата и дека поддршката на регионот во борбата против пандемијата со Ковид 19 е нејзин главен приоритет. Потсети дека Австрија неодамна ветила 2,4 милиони евра за иницијативата Ковакс, додека ЕУ одлучи да стави на располагање 70 милиони евра за вакцините за Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

Орце Костов

(ВИДЕО) Денков: Бугарија нема да го смени ставот кон Македонија, сега преговорите се помеѓу ЕУ и Скопје

Орце Костов

Хакер: Влезот на Северна Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата

Ана Ололовска

Сослушување во американскиот Сенат за влезот на С. Македонија во ЕУ, и за Западен Балкан

Ана Ололовска

Вархеји оптимист во однос на можноста за членство во ЕУ до 2030

Ана Ололовска

Вицепремиерот Маричиќ во Брисел на првиот билатерален скрининг состанок

Ана Ололовска