Кумановка на велосипед била удрена од велосипедист, па завршила во болница

Од:

СВР Охрид информира дека велосипедистка од Куманово се здобила со тепшки телесни повреди откако се судрила со возач на велосипед на брегот на Охридското езеро, кој патем побегнал од местото на настанот.

На 5.8.2022 година во 17 часот во СВР Охрид пријавено е дека близина на хотел на брегот на Охридското езеро, М.Ј. (56) од Куманово, која управувала велосипед, била удрена од друг велосипед, кој го напуштил местото, при што паднала.

Таа била пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Истражување покажува: Производството на велосипеди го надмина производството на автомобили

А1он

Две третини од домаќинствата имаат автомобил, велосипед секое трето

А1он

За само еден ден 696 скопјани аплицирале за субвенции за велосипед

А1он

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка на патниот правец Битола – Прилеп

Град Скопје со поддршка на интернационалниот ден „Во зима со велосипед на работа“

Ана Ололовска

Пoднесени над 2.600 барања за субвенции за купување велосипед

Наум Локоски