На поранешниот градоначалник на Центар Владимир Тодоровиќ му е одреден куќен притвор. Тој беше на распит повеќе од три часа за случајот „Феникс“ односно за злоупотреба на службена положба и овластување врска со набавката на дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“.
– Судија на претходна постапка, по произнесување на осомничените коие бе спроведени пред судот, во присуство на нивните бранители, во однос на предлогот на ЈО за определување мерка прирвор, донесе решеноја со кои на В.Т. и Т.Д. им определи мерка куќен притвор, додека на Љ.Б.,В.З.,А.З. и З.П. им определи мерка прирвор, за сите во траење од 30 дена. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет, се вели во известувањето од Кривичен.
Судија на претходна постапка, претходно го прифати барањето на обвинителството и им одреди 30-дневен притвор на поранешниот претседавач на Советот на Центар Владимир Здравев и на уште едно лице, кои исто така се осомничени во „Феникс“. На уште еден осомничен му е одреден куќен притвор.
Повеќе поранешни функционери се дел од истрагата на Јавното Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција која се води против 15 лица под кодно име „Феникс“. Помеѓу осомничените, покрај македонски државјани има и државјани од Италија, а се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари во врска со набавката на дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“.
Како што информира денеска на прес-конференција обвинителот Љубомир Лапе, осомничените, заобиколувајќи го Собранието, обезбедиле финансиски средства од државниот буџет со кои го финансирале извршувањето на кривичните дела и незаконски ги префрлиле на сметката на општина Центар во вкупен износ од 3.547.390.000,00 денари (57.681.138,00 евра).
Кривичните дела се сторени од 2007 до 2013 година, периодот кога се спроведувани јавните набавки за предметите споменици, дел од „Скопје 2014“, а истрагата е отворена по 10 години.
Меѓу спомениците за кои се води постапката се „Воинот на коњ“ на плоштадот „Македонија“, лавовите – архаични и класични, „Даме Груев“, „Гоце Делчев“, „Никола Карев“, „Методија Андонов – Ченто“, „Цар Самоил“, „Гемиџии“, „Цар Јустинијан“, „Првото заседание на АСНОМ“ и „Основачите на ТМРО“.