Кукаст крст на споменикот на Тодор Александров

Од:

Споменикот на Тодор Александров во населбата Кисела Вода синоќа беше оскрнавен, со спреј е нацртан кукаст крст, симбол на фашистичката идеологија.

Сквернавењето следува откако во четвртокот на споменикот првично наречен Македонски војвода на коњ беше поставена табла со името на Тодор Александров, некогашен водач на ВМРО.

Ова не е прво сквернавење на споменикот. Тој беше попрскан со бела боја кратко по неговото поставување во јуни годинава.

Опозицијата критикуваше дека се величат контроверзни личности од македонската историја, додека градоначалникот на Општина Кисела Вода, Марјан Ѓорчев се изјасни како личен почитувач на ликот и делото на Александров, а премиерот Никола Груевски повика да се прекине со стереотипизацијата на некои личности од македонската историја.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски