Стела е кучето од расата хаски на домарот на Планинарскиот дом „Петар Нолев“ на Големо Езеро на Пелистер, кое вчера ги пронајде загубените туристи од Холандија, кои сакаа да се искачат на врвот Пелистер, јави Тера од Битола.
Холандските планинари се загубија во шумите на Баба Планина, и вчера вечер околу 20 часот се најдени и згрижени од специјален тим на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), регионално одделение во Битола.