Куче одгриза палец на тетовец

Од:

Четириесет годишниот В.З од Тетово останал без палецот на левата рака и се здобил со повеќе гризнувања по рацете отакако вчера околу 15 часот бил нападнат од куче од расата „Кангал“ информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци, инцидентот се случил на улицата „146“, во месноста „Горни арабат“ во Тетово додека тетовецот се движел со своите деца кон семејната куќа. Наеднаш врз него се нафрлило кучето и му нанесло повеќе рани на рацете, а целосно му го одгризало  и палецот на левата дланката. Повредениот веднаш бил пренесен во тетовската клиничка болница каде му биле извршени неколку хируршки зафати на рацете по што бил  задржан за натамошно лекување.

Полицијата извршила увид на местото на кое се случил нападот од кучето, разговарено е со В.З. и се преземаат мерки и активности за расветлување на сите поединости-како се случило тоа, кој е сопственикот на кучето и за пронаоѓање на кучето, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Забранета за пиење е водата во четири тетовски села

А1он

Тетовец е тешко повреден, чичко му ненамерно го прегазил со возило

Полицијата влезе во угостителски објекти во Тетово, пронајде дрога и оружје

Инцидент во Црниче: По недоразбирање во сообраќај, возило удрило моторциклист па избегало од местото

Пожар во средно училиште во Тетово, шестмина вработени завршија во болница