Крводарителска акција во Кавадарци

Од:

Дваесет крвни единици беа собрани денеска во рамки на доброволната крводарителска акција која беше реализирана во Кавадарци, од страна на Општинска организација на Црвен крст, во соработка со Институтот за трансфузиона мдицина од Скопје, а согласно планот за крводарителство за 2017 година.

– Со оглед на зголемените потреби од крв и крвни продукти во летниот период, Општинската организација на Црвен крст Кавадарци ја упатува својата благодарност до сите оние кои даруваа крв на денешната акција наменета за граѓанството, нагласи Димитар Каракулев, претседател на кавадаречкиот Црвен крст.

Тој додаде дека кавадарчани се хумани луѓе и дека секогаш допринесуваат нивната општина да се наоѓа на врвот на листата по доброволни крводарувања во државата.

Би можело да ве интересира

Левица: Лозарот остана статист во сопствениот Гроздобер – милиони за странски изведувачи, неизвесност за македонските лозари

Јанчев: Да се истражи кој стои зад пожарот во депонијата „Мелци“

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта