Крвичниот совет на Основниот суд Гостивар го укинал притворот на Зоран Милески – Кичеец

Од:

Решението да се укине мерката притвор на Зоран Милески – Кичеец ја донел кривичниот совет на Основен суд Гостивар. Од судот потврдија дека постапувале по жалба на одбраната на осомничениот и кривичниот совет донел решение за преиначување на мерката.

Од судот нагласуваат дека, одлуката е донесена во работно време и според законските рокови за решавање по жалба од 48 часа.

Милески е осомничен дека ја предизвикал сообраќајната несреќа што се случи минатата сабота во која загина 34 годишен гостиварец. Според првичните сознанија на истрагата, било утврдено дека тој додека бил на прекин од издржување на затворската казна, возел кон Скопје. На магистралата Кичево – Гостивар претекнувал на полна линија, по што дошло до судирот меѓу неговиот и уште два автомобили.

На 7 септември, попладнето Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ според член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Во барањето е наведено дека има опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците/оштетените и повторување на делото.

Милески е на издржување на три годишна затворска казна за случајот „Рекет“ во затворот во Струга и користел погодности заради здравствени причини.

Би можело да ве интересира

Обвинителот кој се спогоди со Кичеец нема да биде избран кај Русковска, Трајчева останува во тимот

Кристијан Ландов

Камчев се откажа од барањето Милески-Кичеец да му ги врати милионите од торбата “Луј Витон”

Кристијан Ландов

Кичеец останува во затвор до крајот на казната за Рекет одлучи Кривичниот суд

Катерина Ѓуровски

Кичеец си оди на викенди и користи годишен одмор, иако претходно му беа скратени привилегиите поради сообраќајката

Ландов

Заев: Во случајот на Милески немало намера за протекции, ниту да се дава повеќе од вообичаеното

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Со нарачано сведочење се гние во затвор, за рекетирање се ужива во кафеани