Заев: Во случајот на Милески немало намера за протекции, ниту да се дава повеќе од вообичаеното

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска повтори оти директорот на Управата за извршување санкции го информирал оти Зоран Милески Кичеец ја имал целата потребна медицинска документација за да му бидат дадени триесет дена за лекување. Доколку некој има поинакви информации, рече Заев, тогаш треба тие да се објават.

-Сите треба да бидеме еднакви по закон и на сите ни следуваат еднакви обврски и ни следуваат еднакво и правата. Не ги знам деталите навистина. Вие ми кажувате дека требало седум дена, јас знам дека има медицинска документација, информиран сум од директорот на Управата за извршување на санкции. По самите документи законот е јасен. Веднаш може да се обелодени во јавноста доколку има одреден пропуст. Но, јас знам дека сите наши граѓани ко што се на издржување на казна после одреден период од издржувањето на казната имаат право на викенд, на одреден одмор, имаат право секогаш во издржување на казната и на здравствено лекување, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Тој уверува дека во случајот со Кичеец ниту некој имал намера да прави некои протекции, ниту да се дава нешто повеќе од тоа што е вообичаено.

-Јас сум информиран првпат со објавувањето во јавноста дека имал Зоран Милески право на користење на тој прекин на казна заради здравствени потреби. На крајот се доинформирав од директорот на Управата за извршување на санкции. Но, ве повикувам навистина до крај да ги обелодените сите факти, рече Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?