А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Крвава „Комитска вечер“ во Крива Паланка

by А1он28/11/2012 - 23:4129/11/2012 - 00:001857
Share0

Внатрешна контрола на МВР расчистува случај на инволвираност на полицајци во физичка пресметка на „Комитска вечер“ во Крива Паланка од изминатиот викенд, oваа информација, како и фотографиите до А1 ги испратија наши читатели, сведоци на настанот.

Добивај вести на вибер

 

Според сведоштва на присутните, на „Комитска вечер“ во Крива Паланка во организација на ВМРО-ДПМНЕ, пред очите на повеќето гости меѓу кои, министерот за образование Панче Кралев, како и пратениците Влатко Ѓорчев, Веле Георгиевски и други, се одвивала вистинска хорор драма.

При крајот на вечерта кога повеќето гости биле во алкохолизирана состојба се случила физичка пресметка во која еден од гостите се здобил со сериозни повреди, резултат на неколку удари по телото од припадник на полицијата, кој исто така бил гостин на прославата, а во врска со јавно искажаното незадоволство за тоа во кој правец оди локалниот огранок на партијата.

 

Откако повредениот успеал некако да се спаси, случајот телефонски го пријавил во полиција, но од таму никој не излегол на увид. Видно изнервиран, посегнал по автомобилот на полицаецот со камења, при што сите стакла биле скршени, но овој пат полицијата дошла и е направен увид за направената штета.

 

Поради ваквиот селективен однос на дежурните полицајци и заради можноста целиот случај со физичкиот напад да биде сокриен, претепаниот гостин бил приморан да ја извести внатрешната контрола на МВР која го испитува целиот случај,информира за А1, очевидец на настанот.

crna hronikakriva-palankavmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Горан Наумовски30/03/2026 - 13:51

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он22/03/2026 - 14:16

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Горан Наумовски11/03/2026 - 08:08

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:29

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Катерина Ѓуровски27/02/2026 - 10:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто