Кривичниот совет одлучи дека не е потребна мерка претпазливост за осомничените во предметот “Тортура“, односно за припадниците на полициската единица “Алфи“ која го апсеше лидерот на ОМ, Љубе Бошкоски.
-Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалби на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ) , изјавени против решенијата на судија на претходна постапка од 14.07.2016 за предметот на СЈО во јавноста познат како „Тортура“, по одржана седница донесе решенија со кои жалбите на обвинителството ги одби како неосновани.
Со донесените решенија, советот ги потврди одлуките на судија на претходна постапка со кои беше одбиен предлогот на СЈО за определување мерка за претпазливост – Забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело против 6 лица.
Анонимизираните решенија за сите 6 лица се објавени на веб – сајтот на судот, , објави Основниот суд Скопје 1.