Кривични пријави за 22 угостители во туристичките места, не ги почитувале протоколите и примале гости

Од:

Раководителката на Инспекциски надзор, Мери Проја Продановска, денес во Охрид ги соопшти наодите на инспекциските служби при зајакнатите контроли на угостителските и сместувачките капацитети за време на продолжениот викенд во Охрид, Струга, но и во останатите туристички места низ државата. Државниот пазарен испекторат во моментот е со засилен надзор на правни субјекти на Охридското крајбрежје, а контроли се вршат со полициска асистенција со цел да обезбеди максимално почитување на мерките и протоколите за заштита од Ковид-19.

„Од петокот до сега се утврдени 22 непочитувања на владините мерки од страна на категоризираните сместувачки и угостителски објекти и врз основа на членовите 205 и 206 од уредбата за истите ќе бидат поднесени кривични пријави“, рече Проја Продановска.

Раководителката истакна дека најголемиот дел од прекршувањата 8 се во Охрид, 4 во Струга, 5 во Битола, 3 во Дојран, и по едно во Маврово и Кочани. При направените надзори било утврдено присуство на гости во сместувачките објекти иако засега тоа не е дозволено. Исто така кај двајца угостители од Охрид е утврдено непочитување на протоколите и работното време.

Сепак, од контролите на терен рече Проја Продановска изминатите два дена кај поголемиот дел на правни субјекти може да се забележи почитување на владините мерки.

„Можеме да констатираме дека генерално економските оператори ги почитуваат протоколите, а ние денес продолжуваме со работа на Охридското крајбрежје со засилени екипи од Скопје и со асистенција на полицијата.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид