Кривична пријава за скопјанец за производство и продажба на дрога

Од:

Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство- Скопје поднесе кривична пријава против Н.Ќ. (28) од Скопје, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривичното дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека при реализацијата на случајот пронајдени и одземени биле околу 238 грама наркотична дрога марихуана, 2,75 грама семки од марихуана и 25,72 грама амфетамин.

Според соопштението, завчера на улица „Владимир Комаров“ извршено е легитимирање и личен претрес на пријавениот и при тоа во џебот од пантолоните му била пронајдена една полиетиленска паковка со 0,12 грама амфетамин, по што бил приведен.

– Истиот ден извршен е и претрес во неговиот дом каде моментално престојувал на улица „Владимир Комаров“, каде биле пронајдени една метална кутија со едно кесе и девет полиетиленски паковки со 25,6 грама амфетамин, една таблета екстази со лого „круна“, една дигитална вага со натпис ДС-150 со остатоци од амфетамин, 11 полиетиленски паковки со наркотична дрога марихуана со вкупна маса од 238,01 грам и едно пластично кутивче со 2,75 грама семки од марихуана, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Во Србија фатен бугарски државјанин со над три килограми дрога

А1он

Медведев: Приказната за дрогата е изговор, вистинската цел е венецуелската нафта

Податоците од САД ги побиваат тврдењата на Трамп: Кокаинот во САД не доаѓа од Венецуела

Мадуро: Време е за разговори со САД за борба против дрогата

Хрватската полиција заплени 13 килограми кокаин на граница со Црна Гора

А1он

Акција на МВР во Скопје: Уапсени се 12 лица за злосторничко здружување, незаконско поседување на дрога и оружје