Кривична пријава за нарко дилери, членови на македонско-бугарска криминална организирана група

Од:

Приведени се неколку дилери од Скопје и Бугарија, поврзани со нелегалната лабораторија за производство на синтетички дроги, откриена пред неколку недели.

„Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска (30.03) поднесе кривична пријава против П.Т. (66) од Скопје, Б.Т. (36) и А. Т. (34), сите од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.3 од Кривичниот законик. П.Т. (66) е приведен денеска (30.03.2022) како дел од меѓународната криминалистичка истрага во рамки на која Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за недозволена трговија со дрога, по повеќемесечна оперативна соработка со Одделот за борба против организиран криминал на Р.Бугарија и во координација на SELEC (Центарот за спроведување на законите во Југоисточна Европа), сузбија македонско-бугарска организирана криминална група, при што на 10.02.2022 во Софија, Р. Бугарија е откриена импровизирана нелегална лабораторија за производство на синтетички дроги.

Притоа, од слобода се лишени четири лица, од кои двајца македонски државјани. Б.Т. и А.Т. од Скопје. Кај лицата се пронајдени и запленети повеќе килограми амфетамин и други видови на хемиски супстанци и прекурсори. Истовремено на територијата на Република Северна Македонија при претрес на дом, пронајдени и одземени се прекурсори од II и од III категорија контролирани супстанци во Законот за прекурзори, кои се користат во нелегално производство на повеќе видови дроги, како и други хемиски супстанци неопходни за зголемување на масата на одредени дроги. Во текот на денешниот ден (30.03), на територија на РСМ приведен е и П.Т..

Б.Т. и А.Т. ,како дел од поголема меѓународна криминална група, а со цел стекнување на противправна имотна корист на територија на Р.Бугарија (Софија) инсталирале нелегална лабараторија за производство на синтетички дроги амфетамин, метамфетамин и екстази и потоа неовластено произведената синтетичка дрога ја продавале на територија на Р.Бугарија, а дел од истата транспортирале во РСМ, каде била преземана од страна на П.Т. заради понатамошна продажба. Лицето лишено од слобода во текот на денешниот ден ќе биде изнесено пред судија на претходна постапка, за кого од страна на Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК до Основниот кривичен суд во Скопје е поднесен предлог за одредување на мерка притвор“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он