Кривична пријава против Оливер Дерковски и четири лица за набавката на софтверот кој не работеше за време на изборите

Од:

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски, портпаролот Адмир Шабани, кои заедно со Ирена Куштерова, Авни Абдули, Игор Владимиров се сомничат за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување при вршење на јавни набавки. Кривичната пријава е за набавката на софтверот кои се користеше на изборите, а беше нефункционален при пребројување на гласовите. За осомничените е побарано и мерки на претпазливост.

– Заради непречено водење на кривичната постапка, надлежниот обвинител до Основниот кривичен суд поднесен е предлог за определување на следните мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето; обврска на осомничените да се јавуваат повремено на определено службено лице или кај државен орган; привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забарана за нејзино издавање и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело, соопштија денеска од МВР.

Во временскиот период од февруари до септември годинава, во Државната изборна комисија, осомничените како членови на Комисијата за јавни набавки и осомничениот управител и сопственик на правното лице, со неизвршување на своите службени должности при спроведување постапка за јавна набавка, како што соопштија денеска од МВР, ги повредиле одредбите од Законот за јавни набавки. Тие не утврдиле дека економскиот оператор не ги исполнува условите за учество во постапката, не спровеле правилна постапка за евалуација на доставените понуди во постапката за јавна набавка, ниту било објавено Известување за поништување на постапката за доделување на договор за јавна набавка во предвидениот законски рок.

– Исто така, не било извршено тестирање и финален тест на софтверот пред истиот да биде имплементиран и не бил извршен увид во спроведената постапка со преговарање, иако биле должни да го направат истото пред да биде потпишан Договорот, како и да утврдат дека Извештајот од спроведена постапка бил изготвен спротивно на Правилникот за начинот на пополнување на образецот на Извештајот од спроведената постапка. Воедно, изготвувањето на техничката спецификација за јавната набавка била направена во консултации со учесник во постапката, спротивно од Законот за јавни набавки, со што за две правни лица била прибавена корист – право да учествуваат во постапката за јавна набавка и да склучат договор за истата, појаснуваат од МВР.

Со извршените дејствија, се наведува во соопштението од МВР, е овозможено правните лица да се стекнат со противправна имотна корист во износ од 899.999,00 денари, како и износ од 349.500,00 денари.

Би можело да ве интересира

Даштевски: Училиштата ќе работат во вторник, ќе бидат затворени само просториите со избирачки материјал

Потпишан Кодексот за фер и демократски парламентарни избори

Горан Наумовски

Изнемоштените и болните до полноќ можат да се пријавуваат за гласање на претседателските избори

ДИК утврди, но и отфрли неколку листи за избор на пратеници во Собранието

МВР: Поднесени две кривични пријави против полицаец од Гевгелија

ДИК ги потврди листите со кандидати за пратеници

Горан Наумовски