Кривичен суд: За кривичното дело убиство во миг, законодавецот, а не судот, предвидел казна во траење од една до пет години

Од:

Судот постапува врз основа на тежината на кривичното дело по обвинителен акт или обвинителен предлог добиен од Јавното обвинителство за кривично дело квалифицирано од надлежен обвинител, информираат од Основниот кривичен суд во однос на одредени реакции за пресудата за убиство кое на 14 август 2019 година се случи во скопско Ново Лисиче.

– Судот води непристрасна постапка во која доследно ги почитува правата на обвинетите, но и на оштетените, утврдува вина и одредува казна исклучиво врз основа на тежината на кривичното дело за кое се товари обвинетиот, односно запретената казна за истиот. За кривичното дело убиство во миг од член 125 од Кривичниот законик, законодавецот, а не судот, предвидел казна во траење од 1 до 5 години затвор. Со оглед дека обвинетиот,кој има 18 години, претходно не бил осудуван, Законот исто така утврдил олеснителни околоности кои судот мора да ги земе предвид, па токму затоа е одредена казна од 3 години затовор, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Споредбата со друг предмет, посочуваат од Судот, за кривичното дело насилство, каде што е изречена казна затвор во траење од четири години, е несоодветна бидејќи за тоа кривично дело, исто така законодавецот, а не судот, предвидел казна од 3 до 10 години.

– Со цел дел од граѓанте да не бидат доведени во заблуда околу надлежноста на судот и другите институции при решавањето на еден кривично-правен настан, како суд сме должни да ја запознаеме јавноста дека надлежни за квалификација на кривичните дела, според која се одредува казната – доколку се докаже вината, се МВР и Јавното обвинителство, а не судот, стои во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Краљево: Со самострел ја уби сопругата, ја рани мајка си, а потоа изврши самоубиство во семејната куќа

Горан Наумовски

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Лут возач прегази човек со автомобилот неколку пати, па потоа нападна друг

А1он