Краток еко-час во Едукативниот центар на Зоолошката градина

Од:

Краток еко-час во организација на Град Скопје се одржа денеска во Едукативниот центар на Зоолошката градина во Скопје, на тема „Вредноста на дивите видови“. Во овие активности, по повод Денот на планетата Земја се вклучи и Министерството за животна средина и просторно планирање.

Презентација за природните богатства, видовите животни и растенија беше одржана од страна на Биљана Стевановска во рамки на проектот „Зајакнување на капацитетите на локално ниво за спроведување на европското законодавството во областа на заштита на природата“, односно промовирање на „Натура 2000“ што ги почитува и сака да ги заштити на ниво на Европа сите можни видови на растенија и животни.

Учениците од СУГС Гимназија „Орце Николов“ и штитениците од Центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака“ по едукативниот част засадија дрва во еден дел од Зоолошката градина.

Одржувањето на еко-часот беше во контекст на основната порака на Рамковната конвенција на Обединети нации за климатски промени (UNFCCC), според која едукацијата за влијанието на климатските промени, преземањето акција и заедничкото делување за заштита на биодиверзитетот, како и одржливиот развој, го подобруваат здравјето и благосостојбата на целата заедница.

Би можело да ве интересира

Почина негувателот на жирафи во ЗОО Скопје, Ристе Трајковски

Предраг Петровиќ

Угина и трет коњ во ЗОО Скопје – ги труе ли некој коњите во Зоолошка?

А1он

Новиот директор на ЗОО тврди: Не сум член на ниту една партија, професионално ќе ја вршам својата работа

Зегин со свој придонес во големата еко акција „Скопска Црна Гора ја поздравува пролетта”

Ана Ололовска

ЗОО Скопје добива 7Д Кино

Ана Ололовска

Акција за чисто Маврово и Мавровско езеро

Ана Ололовска