Ковачки: Пиунот Ковачевски да отвори случаи против Заеви за огромниот рекет

Од:

Пиунот Ковачевски треба да се огради од криминалот на уценетиот Заев и да отвори случаи против Заеви за огромниот рекет, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Заеви, додава тој, се вмешани во најголемите криминали во Македонија.

„Бојан Јовановски го обвини Вице Заев дека земал рекет од тендерите во РЕК, шоферот на Трајче Заев беше фатен како шверцува дрога, семејните фирми им влегоа во бизнисот со марихуана и целата држава ја направија заложник на своите бизнис интереси. Заев се повлече од врвот на СДСМ за Димитар Ковачевски да ги покрие неговите траги, да нема истраги и да го легализира криминалот. За таа цел раководството на СДСМ е полно со кадри на заевизмот, тоа не се нови луѓе, туку стари и истрошени кадри на Заев. Раководството на Димитар Ковачевски е тело на Заев, таму е Фатмир Битиќи, вицепремиер на Заев и потпретседател на СДСМ. Тој е една од причините за енергетската криза, причините за инфлацијата, малиот број на странски инвестиции, за отпуштањето на луѓе од работа“, истканува Ковачки.

Во раководството на СДСМ и на Ковачевски, смета пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, има место и за насилници и тепачи на жени како Ацевски, но и за вечни губитници како Андреј Петров, кој беше градоначалник на Карпош, а скоро никој не се сеќава на него, зошто ништо и не направил, додава тој.

Според него, не може разединета партија како СДСМ која ја подели Македонија да зборува за обединување.

Смета дека ништо не е сменето во СДСМ, истите луѓе, вели Ковачки, кои кога сами за себе велеа дека имаат плава крв, сега се на чело на СДСМ.

„Ковачевски е продолжена рака на заевизмот. Димитар Ковачевски е човекот кој се поклонува на Заев и го надоградува заевизмот. Како заменик министер активно учествува во зголемување на историски највисокиот долг во државата, кој активно придонесува за инфлација и поскапување на цената на струјата. Човек кој лажеше дека е дипломец на Харвард каде завршил обичен курс и кој докторирал на сметка на државата додека неговиот татко е амбасадор во Црна Гора“, потенцира на денешната прес-конференција Ковачки.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања