Ковачевски-Вучиќ: Евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан е од политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски во Охрид го пречека претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Премиерот Ковачевски го поздрави учеството на Србија на разговорите во Охрид и изрази задоволство дека со посредство на Европската Унија се овозможува отворен дијалог кој е од голема важност за регионалната стабилност и безбедност, а кои ќе се чекор напред кон европскиот пат на регионот.

Северна Македонија е токму пример за земја која сите отворени прашања со соседите ги решава на мирен и демократски начин, преку дијалог, со цел напредок, подобра иднина и подобар животен стандард за граѓаните. Преку решителни чекори Северна Македонија обезбеди пред сѐ безбедност и континуиран развој, и од заробена и изолирана држава, денес е фактор на стабилност во регионот, со развиени и негувани добрососедски односи.

Премиерот Ковачевски и претседателот Вучиќ се согласија дека мирот не само во двете земји туку и во целиот регион е важен, а дијалогот е битен за подобрување на односите. Ковачевски и Вучиќ потенцираа дека евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан е од политички, безбедносен и економски интерес на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Просечната плата во Србија е над 1000 евра, стандардот скокна за најмалку 45 проценти

Вучиќ во живо на TikTok – го гледаа повеќе од 240.000 луѓе

А1он

(ВИДЕО) Вучиќ: Девојката ме остави, не можев да се освестам цела година, исто е и со Европа

Катерина Ѓуровски

Беливук и Миљковиќ сакале да „го предадат Вучиќ на Американците“

Вучиќ: Мора да сме мудри, да се скриеме под камен – да чекаме дождот да помине

А1он

Пицула му одговор на Вучиќ: Не е точно дека доаѓаме непоканети