БИА го советува Вучиќ да не оди во Тиват

Од:

Српската безбедносно-информативна агенција (БИА) го советуваше српскиот претседател Александар Вучиќ да не патува во Црна Гора за самитот на ЕУ во Тиват поради „висок безбедносен ризик“. БИА официјално го советуваше шефот на државата да не патува во Црна Гора, „бидејќи е утврден висок безбедносен ризик“, објавија вчера вечерта.

Објавата дојде откако црногорските власти им забранија влез во земјата на граѓаните на Србија кои пристигнаа во Тиват со чартер лет пред учеството на српскиот претседател Александар Вучиќ на самитот ЕУ-Западен Балкан, додека граничните власти на Србија не им дозволуваат на граѓаните на Црна Гора да влезат во Србија. Меѓу граѓаните на Србија кои беа вратени од Црна Гора имало бројни лица со криминално досие. Според медиумите во Србија, станува збор за лица кои со години биле поврзани со специјални задачи за владејачката СНС.

Според соопштението на БИА, советот му бил испратен на Вучиќ „поради непријателското дејствување на странски служби и криминални кланови во Црна Гора“ и поради наводното присуство на еден од водачите на криминалните кланови во Црна Гора.

„Според нашите оперативни сознанија, водачот на кавачкиот клан, Радоје Звицер, е во Црна Гора, и спротивно на сите правила на професијата и одговорниот однос, безбедносната проценка што беше побарана неколку пати од службата домаќин на собирот во Црна Гора не ни беше доставена“, објави БИА.

Причината е наводното сомневање за субверзивни активности пред самитот ЕУ-Западен Балкан, кој се одржува на 4 и 5 јуни во црногорскиот крајбрежен град Тиват. Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, според порталот РТС, изјавила дека претседателот на Србија не сака да го прекрши ветувањето дадено на европските партнери и не се откажува од патувањето до самитот во Тиват.

Би можело да ве интересира

Обложувалниците ги објавија квотите за премиер на Србија: Вучиќ апсолутен фаворит

Предраг Петровиќ

Вучиќ му честиташе роденден на Путин

А1он

Снежана Савиќ со јасна порака: „Јас гласам за Вучиќ“, а тој по говорот во Арената прво неа ја прегрна

Предраг Петровиќ

Путин: Се надевам дека Вучиќ ќе биде премиер на Србија

А1он

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ

Вучиќ: Среќен роденден и среќно преземање на должноста

А1он