Вучиќ вторпат најавува оставка

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска повтори дека ќе поднесе оставка, наведувајќи дека потоа ќе се види дали ќе има парламентарни или претседателски избори за 90 дена.

Доколку поднесе оставка, им изјави тој на новинарите во Пекинг каде е во посета на Кина, функцијата и овластувањата на претседателот ќе ги преземе претседателот на Народното собрание. Не наведе кога би го повлекол тој потег.

Тој додаде дека не е некој што сака да седи во својата фотелја до крајот на животот, „како некои други“, пренесоа белградските медиуми.

Вучиќ изјави дека, доколку поднесе оставка, изборите мора да бидат распишани во рок од 90 дена и изјави дека тоа е предвидено во Уставот.

„И, не го скратувам мандатот како што доведоа во заблуда дека Борис Тадиќ го скратил мандатот, но тој не го скрати мандатот, туку поднесе оставка. Ќе поднесам оставка, бидејќи така пишува во Уставот, не скратувам никаков мандат. Кога ќе поднесам оставка, тогаш ќе одиме, ќе видиме дали ќе има парламентарни избори, за 90 дена ќе има претседателски избори и тоа е тоа. Нема голема филозофија“.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Граѓаните можат да ја очекуваат мојата оставка на крајот на јули

А1он

ВИДЕО: Ова се мои последни денови како претседател, најави Вучиќ на собирот на СНС во Белград

(ВИДЕО) Вучиќ ги претстави пријателите Драгутин и Милутин: Играат „Моравац“ подобро од мене!

А1он

Вучиќ: „Тие сакаа да ја уништат независна Србија“

Горан Наумовски

Вучиќ: Наскоро одиме на избори, немам страв од изборната ноќ

A1on

Вучиќ: Размислувам да се кандидирам за премиер, планирам да поднесам оставка