Ковачевски: Ставот на САД за уставните измени е ист со ставот на над 80% граѓани кои сакаат да бидат дел од ЕУ

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски по средбата со заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар рече дека не е точно дека „ владата коленичи за да моли меѓународни фактори да дојдат во Македонија за да се изврши притисок некои пратеници да гласаат за уставни измени“ како што го обвини опозицијата и истовремено му се заблагодари на специјалниот преставник за поддршката на САД.

– Денес високиот претставник на САД, Ескобар е тука, не е негова прва ниту последна посета. Во име на тоа пријателство е средбата денес за која разговаравме што сме постигнале досега и што е она што можеме да го направиме во иднина. Да не заборавиме дека ние сме ценета членка на НАТО. САД е најголем поддржувач на Македонија и во нејзините интеграции. Сакам да истакнам искрена благодарност за придонесот на САД и за личните заложби на Ескобар за унапредување на регионалната стабилност на Западен Балкан.

Разговаравме пред се за процесот за почнување на уставните измени кој ЕУ и САД го сметаат за клучен и важен чекор на патот кон ЕУ. Ова е истиот став со ставот на коалицијата предводена од СДСМ и исто со ставот на над 80% од македонските граѓани кои сакаат да бидат дел од Европската унија.

Она што ние треба да го направиме е да обезбедиме непречен процес за полноправно членство во ЕУ. Преговарачката рамка е документ одобрен од сите членки и таа содржи услови кој ние треба да ги исполниме. Нов договор нема да има ниту има можност за репреговарање на рамката како што некои политичари велеа, а оваа реторика се помалку се користи по одговорите на политичките лидери во Брисел – истакна Ковачевски на прес-конференцијата.

За него билатералните односи со Бугарија се билатерални и нема да влијаат на процесот на евроинтеграции и најважно од се, што според него, нови барања во преговарачката рамка не може да има.

– Јасна е и пораката од САД која ја добивме по членството во НАТО, Македонија треба да стане членка на ЕУ, бидејќи ЕУ е наша единствена алтернатива. Тоа е барање на граѓаните, сакаат децата да им останат дома и да си ја градат европската иднина, сакаат интеграција а не изолација.

Секој друг исход при гласањето на уставни измени, ќе значи неизвесна иднина за државата. Денес ако се одвоиме од Албанија, Србија, Црна Гора никој не гарантира кога на каков начин ќе станеме членка на ЕУ. Не смее да се држи во заложништво иднината на граѓаните посебно откако се заштитија македонскиот јазик и идентитет. Со уставните измени се внесуваат и други делови од народи и се прави јасно разграничување од македонскиот народ со било кој народ, вклучително и бугарскиот. Ситуацијата во моментов е јасна и чиста, имам сериозна поддршка за изгласување на уставните измени. Блокирањето на овој процес ќе биде штетно и тоа може да го потврди секој разговор што е воден со странски дипломати. Гледајќи низ историјата колкју тешки одлуки сме носеле, убеден сум дека ќе излеземе и овојпат како победници – додаде премиерот.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

Меџити: Сакаме да бидеме фактор во влада која ќе биде европски ориентирана

Александар Тодески

Биљал Касами: Нашата програма ќе биде дел од идната владина програма и во неа се состојат уставните измени

Меџити не кажува дали Уставните измени остануваат услов за формирање на влада: Сега сме фокусирани на победата

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која може да ја внесе Македонија во ЕУ

Ковачевски: Не е точно дека со ДУИ договараме бојкот на изборите на 8 мај

Катерина Ѓуровски