Ковачевски-Рама: Македонија и Албанија имаат заедничка цел за брза европска интеграција

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски, одржа тет-а-тет средба со претседателот на Владата на Република Албанија Еди Рама.

На средбата премиерите на двете земји ја потенцираа важноста за натамошно унапредување на билатералната соработка, која и сега е на високо ниво информираат од прес службата на Владата.

-Премиерите дискутираа за потребата од зацврстување на соработката во повеќе сегменти, особено во овие турбулентни времиња на воени превирања и светска енергетска криза. На средбата се дискутираше и за евро-интегративните процеси на двете земји и важноста од фокусирана посветеност, сè со цел земјите да станат полноправни членки до 2030 година. Премиерите Ковачевски и Рама на средбата посочија дека денешната меѓувладина седница е од исклучително значење од што бенефит ќе имаат двете држави и граѓаните, во речиси сите области каде што има потенцијал за унапредување на соработката. Премиерите Ковачевски и Рама се согласија дека добрите билатерални односи помеѓу двете земји, се од голема важност и за економскиот развој, како и за продлабочување на бизнис соработката меѓу стопанствениците од двете земји. Негувањето на добрите релации, поврзување на народите, инфраструктурно зајакнување меѓу двете земји е од голема важност за натамошен напредок, беше заклучено на состанокот се вели во соопштението од Владата.

Би можело да ве интересира

Таравари ја напушти Владата и замина кај Рама во Тирана

Катерина Ѓуровски

Кошта од Тирана: Албанија може да биде во европското семејство и пред 2030 година

А1он

Еди Рама повторно победник на изборите во Албанија

Излезни анкети на парламентарните избори во Албанија, триумф на партијата на Еди Рама

А1он

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами

Катерина Ѓуровски