Рама: Стратешките туристички проекти ќе продолжат и покрај протестите

Од:

Премиерот на Албанија – Еди Рама изјави дека неговата влада нема да ја повлече својата поддршка за двата проекта за луксузни одморалишта во Зврнец и Сазан, на компанија на Џаред Кушнер, и покрај тринеделните секојдневни протести против нив.

Тој оцени дека негова должност е да прави разлика помеѓу вистинските демонстрации и политичкиот театар.

Гласачите, вели тој, „ми дадоа силен мандат на минатогодишните избори да продолжам со визијата за трансформирање на земјата во премиум туристичка дестинација, а не да управувам со хаштаг или со најгласното ехо на непотребна галама“.

„Проектите, поддржани од инвестициската компанија на Кушнер, „Афинити партнерс“, станаа фокус на поширок гнев поради начинот на кој се одобруваат големите приватни инвестиции и негрижата за животната средина. Демонстрантите сакаат проектите да бидат откажани и Рама да поднесе оставка, објави албанската државна агенција, АТА.

Нашиот стандард, изјави Рама, е јасен: закон, наука, транспарентност и европски обврски – не хистерија”.

-Ниту бучно малцинство, обединето од која било опозициска сила, ниту дигитално засилен бран на гнев, поттикнат од глобалната фасцинација со името Трамп, поврзано со она што јас го верувам дека е извонредна можност за Албанија (и дополнително засилен од мешањето на злонамерни странски актери) нема да нè одврати од спроведувањето на нашата Визија “Албанија 2030 во ЕУ”, изјави Рама.

– Ја отвораме земјата, ги заштитуваме нејзините природни ресурси, привлекуваме сериозни инвестиции и постепено се движиме кон членство во ЕУ – потенцира албанскиот премиер.

Би можело да ве интересира

Рама: Албанија вложи четири милиони евра во концертот на Канје Вест

А1он

Рама им се обрати на „Фламингосите“ со јасна порака

Горан Наумовски

ВИДЕО: Најмасовен протест во Тирана, демонстрантите однесоа бетонска торта за Рама

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Непријателите на Албанија ги иницирале протестите вели Ахмети, ги спомна Грција и Белград

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос на југот на Албанија: Лутите граѓани уништуваат сè пред себе поради мегапроектот на американските милијардери

Предраг Петровиќ

Албанците од Македонија не се дијаспора на Албанија, Рама со жестока критика за учеството на граѓани на земјава на протестите

Катерина Ѓуровски