Ковачевски држеше лекции по Устав: Македонците во Бугарија треба индивидуално да си го остварат правото на самоопределување

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски во присуство на американската амбасадорка Анџела Прајс Агелер држеше лекции по современи уставни системи споредувајќи ги уставните уредувања во Бугарија и регионот во однос на правото на самоопределување.

Тој рече дека тој како премиер и Владата реагирале за сите граѓани кои се самопопределуваат како Македонци ширум светот, но дека тие мора да знаат како да си ги ги остварат правата во однос на своето самоопределување.

– Би ве повикал да ги проучите уставните системи кои владеат во светот. Во нашиот устав имаме колективно остварување на човековите права, но има држави кои имаат устав во кој се вели дека правото на самоопределување е индивидуално и се остварува индивидуално. Таков устав има и Бугарија и Франција. Внимателно кажувам, има граѓани кои во Бугарија се самоопределуваат Македонци.
Исто како што и кај нас, но на колективен начин граѓаните може да ги остварат своите права – истакна Ковачевски.

Тој ги повика бугарските власти да ги почитуваат европските норми и пресудите на Европскиот суд за човековите права.

– Македонци има секаде, па и во Бугарија. Нив им следуваат сите права слободно да ја изразат својата желба за самоопределување. Ги повикувам бугарските власти согласно европските правни норми за заштита на човековите права да ги почитуваат пресудите од Европскиот суд за човекови праваи тие граѓани на Бугарија кои се самоопределуваат како Македонци да ги имаат сите права. Да не заборавивме дека тие граѓанит се граѓани на Европската унија.

Би можело да ве интересира

МНР: Бугарското МНР наместо партнер, сѐ почесто настапува како рецензент на македонските политичари

Шок во Бугарија: Радев даде оставка

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

Колона возила кај граничниот премин Делчево поради електронска проверка на патници без ЕУ пасоши

Бугарија: Акцискиот план за заедниците во Македонија не треба да биде спор поради јазикот на документот

Од денеска во Бугарија се плаќа во евра