(ВИДЕО) Ковачевски: Дефинитивно е крај на ВМРО–ДПМНЕ во Битола!

Од:

„Денес е 21.12.2012 година и не е крај на светот, но дефинитивно е крај со ВМРО ДПМНЕ. Тоа што долг временски период тлееше и вриеше во владејачката партија, синоќа избувна кака вулкан. Во текот на вчерашниот ден на интернет медиумите се појави видео снимка на која јасно се гледа караницата и нервозата на партиското раководство и членството на ДПМНЕ.

– Тоа што цела година се трудеа со лажни изјави, инсинуации, фингирани протести пред опозицијата, да ја манипулираат јавноста, било само обид за прикривање на нивното неединство и внатрешна расцепканост.

– Незадоволството поттикнато од кандидатурата на Владимир Талески, вчера кулуминираше со објавувањето на внатре-партиските списоци за привремени вработувања во РЕК Битола. Нападот со нож кон локалниот координатор на ДПМНЕ како да не им беше сериозно предупредување, па да запрат со глупостите, тие продолжија со лажни ветувања за лажни вработувања, и им се случи катастрофа.

– 8 години и 200 милиони евра, а не направија ништо за Битола и битолчани;

– 8 години ги лажеа сопствените членови и ги малтретираа на протести пред опозицијата;

– 8 години беше предолг период за ова уште да трае, тука конечно запира.

– Незадоволството од Вашите погубни политики се манифестира и кај вашето членство и кај граѓаните на општина Битола. Токму затоа, Сојузот за иднината заедно со Менде Диневски на локалните избори 2013-та, ќе понуди решенија за развој на Битола. Сега е повеќе од јасно дека ќе победиме уште во прв круг“, изјави Васко Ковачевски, претседател на ОО СДСМ Битола.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

(ВИДЕО) Кузеска: Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од унгарскиот кредит

Горан Наумовски

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

Ивица Коневски и инвеститор и адвокат на Општина Кисела Вода, обвинува СДСМ