ВИДЕО: Котевски не се појави да сведочи за апсењето на Бошкоски

Од:

Поранешниот портпарол на МВР, Иво Котевски не се појави на денешното рочиште за случајот „Тортура“ за апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, каде беше повикан да сведочи за настанот.

По ова обвинителот Љубомир Лапе го повлече Котевски од листата на сведоци.

Причина плус за одложување на рочиштето е и отсуството поради болест на еден од обвинетите во случајот.

Следното рочиште за случајот е закажано за 9 октомври.

Во „Тортура” првообвинет е ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков како и поранешниот прв човек на единицата „Алфа” Ивица Антевски – Пуки заедно со уште петмина припадници на единицата.

Специјалното јавно обвинителство ги гони за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.

Би можело да ве интересира

Продолжува судењето „Талир“ и „Тортура“

Ана Ололовска

Сведоците и вештаците одново ќе сведочат за апсењето на Љубе Бошкоски

Васко Маглешов

Паднаа во вода година и 8 месеци судење за „Тортура“

Васко Маглешов

Нови рочишта за „Титаник“ и „Тортура“

Ана Ололовска

Поротникот од „Тортура“ поднел оставка поради семејни причини

Васко Маглешов

Пропаднаа две години судење за „Тортура“, поротник поднел оставка

Васко Маглешов