Костовски: Мицкоски се обиде да саботира полициска акција за да одбрани криминал

Од:

Ниеден обид на ВМРО-ДПМНЕ за извртување на вистината не може да го сокрие фактот дека токму Мицкоски се обиде да саботира сложена полициска акција преку јавно објавување на информации. Како што објави и самото Министерство за внатрешни работи, истрагата за пасошите се води подолг период бидејќи се преземаат дејствија кои имаат и меѓународни импликации рече на прес конференција пратеникот на СДСМ Мартин Костовски.

„Заради лични интереси Мицкоски се обиде да загрози полициска акција и соработка на нашата полиција со стратешките партнери. Мотивите и целите за ваквите постапки треба да ги даде независна и професионална истрага пред надлежните инситуции. ВМРО-ДПМНЕ е симбол за фалсификувани патни исправи, Мицкоски е симбол за бранител на криминалот и тоа е докажано многу пати досега“ – порача Костовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара итна собраниска седница за насилството врз жените и одговорност од институциите

СДСМ: Ако Алта банка е во одлична форма, како што велеа, зошто сега треба да се спасува

ВМРО-ДПМНЕ излегува на терен со кампања „Очи в очи со народот“

Горан Наумовски

Филипче: Мицкоски да одговори зошто со законски измени се брише одредбата за уплата на 6% во вториот столб?

Манасиевски: Филипче и СДС од ништо се обидуваат да направат скандал со Алта банка

Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%