Костовски: Лицата кои се под истрага за Еуростандард банка да се идентификуваат со име и презиме

Од:

Еден од сопствениците на пропаднатата Еуростандард банка, Трифун Костовски, во реакцијата по повод поведувањето истрага против четири одговорни лица за перење пари и предизвикување стечај, вели дека е редно тие да бидат идентификувани со име и презиме, а го повтори и својот став дека во истрагата мора да бидат вклучени и лица надвор од банката.

Еве ја во целост реакцијата на Костовски:

„По повод наредбата на Јавното Обвинителство за истрага на четири одговорни лица во стечајот на Еуростандард Банка изјавувам: Лицата против кои ќе биде поведена истражната постапка не се обзнанети, а по мене би било ред да бидат идентификувани со име и презиме. По шестмесечен молк од страна на Јавното Обвинителство, излегува во јавноста со наредба за истрага во самата Еуростандард Банка. Моите сознанија говорат дека ова е изнуден чин на Јавното Обвинителство да се појави во јавноста после толку многубројни мои апели. Повторувам, во целата истрага мора да се вклучат и лица надвор од банката,“ напиша Костовски, кој за утре најави колумна со која „јавноста ќе биде подлабоко запознаена со сите игри околу стечајот на Еуростандард банка“.

Би можело да ве интересира

Здружение на оштетени штедачи: И по три години нема одговорност за Еуростандард банка

Фондот за осигурување депозити со известување до депонентите на „Еуростандард банка” АД во стечај со право на обесштетување

Трета лицитација за зградата на Еуростандард Банка, најдобра понудата на Пантелеон ГС

Трифун Костовски: Оркестрирано се брани корумпираниот систем

A1on

За две години Финансиската полиција испратила 15 известувања со утврден криминал до Обвинителството за „Еуростандард“

Маја Илиевска-Пачемска

ЈО во врска со „Еуростандард“ банка: Јавното обвинителство е единствено надлежно да донесува наредба и да спроведува истражна постапка

Ана Ололовска