Костадинов: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Левица да ги вратат платите што ги земаат

Од:

Целата опозиција овде во Собранието прави се за да се блокираат сите процеси важни за граѓаните и иднината на државата. ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Левица се на спротивната страна од интересите на граѓаните кои им ја дале довербата. За опозицијата во Собранието не е важно здравјето на нивните колеги, не им е важно здравјето на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ заедно со неформалните коалициски партнери Алијанса и Левица, заеднички учествуваат во блокирање на законите кои обезбедуваат реализација на економски мерки од четвртиот и петтиот пакет – рече на прес конференција пратеникот од СДСМ, Костадин Костадинов.

„Срамно, безобразно и понижувачки е пратеник да им вели на граѓаните да се стрпеле некој месец без плата, за истиот тој пратеник да дојде овде во Собранието да не се појавува на седници и да зема месечна плата неколкукратно поголема од минималната плата. Срамно е тој и неговата пратеничка група заедно со ВМРО-ДПМНЕ да ја кочат работата на Собранието додека илјадници граѓани погодени од кризата чекаат соодветна помош од државата. Пратениците од сите политички партии имаат обврска пред граѓаните да си ја работата работата, за што земаат плата. Ако сакаат ВМРО-ДПМНЕ Алијанса и Левица да блокираат нека ги вратат платите овој месец, затоа што освен блокади ништо друго и не сработеа“ – рече Костадинов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Левица: Орце вели дека снегот не може да го изненади, а ЈСП најави редуцирање на автобуси поради временски услови

Левица: Болните од хемофилија пола година без лекови заради празници и тендери

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори