„Космос“ повторно ќе се гради

Од:

За еден месец одново старува изградбата на станбениот комплекс „Космос“, што власта го сруши пред три и пол години. Сопственикот, Фијат Цановски не се откажува и објаснува дека дозволата за градба му важи уште десет месеци, известува Алсат-М.

– Дозволата има важност пет години, ние имаме уште десет месеци за да започнеме со градбите и во тој рок да биде готова дури и карабината. Ако влезе странски инвеститор таа дозвола се продолжува уште пет години. Но, јас нема да чекам толку многу. Во наредниот месец започнувам со градбите и до Нова Година, додека важи дозволата ќе биде затворена зградата и карабината. Ние имаме платено комуналии, од 5 милиони и 170 илјади евра, кон градот и општината. И, иако досега тие требаше да ги завршат булеварот и улиците, тие не се започнати. Но, ако не ги завршат, јас со сопствени средства ќе ги завршам булеварот и улиците и ќе им пратам фактура – објаснува Фијат Цановски, сопственик на „Космос“.

Од Министерството за транспорт тврдат дека според информациите од општина Гази Баба, во моментов нема направена промена на Деталниот урбанистички план. За Космос има одобрение за градење и може да се гради после завршувањето на постапката по Решението за отстранување на градбата. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, за сите детали упатува во општина Гази Баба.

– Генерално ќе кажам, согласно Законот за просторно планирање и согласно Законот за градење, објект се гради согласно важечките урбанистички план, за деталите ве молам да се обратите до општината, бидејќи општините се тие кои ги носат Деталните урбанистички планови – изјави Јанакиески за Алсат М.

Наспроти тврдењето на властите дека уривањето на „Космос“ било според сите законски процедури, Цановски тврди дека уривањето е од политички причини. Доказ, според него, е тоа што општината Гази Баба не им ги дала сите потребни коти за изградба на објектот. Односно, го добиле само хоризонталните, а не и вертикалните коти.

– Ги има хоризонталните коти и така е поставен објектот не е поместен ниту милиметар. А, вериткалните коти не ни дадоа. Затоа што тие и самите не знаеја кои се вертикални коти и од која висина да се постави објектот, затоа што нема проектирани улици на самиот објект. Затоа, ние постапивме по Закон, и се зема влезната улица на објектот, кај што се води објектот и од кота на тој тротор се поставува објектот вертикално. И ние не сме ни сантиметар повисоко од влезната улица на тротоарот – додава Цановски.

Цаноски бара отшетата од 65 милиони евра во Стразбур, а наскоро очекува пресуда. На власта и порачува „Направивте голема грешка, немојте да правите повеќе вакви грешки и да ги уништувате бизнисмените во Македонија“. Ниту министерот Миле Јанкиески, ниту премиерот Никола Груевски, не сакаат да зборуваат за автентичноста на гласот во телефонските разговори што ги објави опозицијата.

Би можело да ве интересира

Цаноски: Судијата Ристов има намера да го застари предметот ТНТ и да не добијам отштета од 11 милиони евра

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Груевски доби девет години затвор, Јанакиески – три, Трајковски – четири за уривањето на „Космос“

Кристијан Ландов

Предметот за „ТНТ“ застарил пред осум месеци, според правното мислење на министерот Тупанчески

Ландов

ВИДЕО: Рустеми бара затворски казни за уривањето на „Космос“, за Јанакиески рече дека не направил злоупотреба со тендерот

Кристијан Ландов

Космичка прашина создадена од лабараторија би можела да ни помогне да дознаеме за нашето живеење, ѕвездите и планетите

А1он

Цановски ќе бара отштета од 40 милиони евра за уривањето на „Космос“

Ана Ололовска