Корзо како дел од кампањата “Излези за ГТЦ”

Од:

Вечерва пред платото на ГТЦ ќе се случи несекојдневен настан со возобновување на некогашното скопско корзо.

Како дел од кампањата Излези за ГТЦ, чија цел е да ги мотивира граѓаните да излезат на референдумот за задржување на автентичниот изглед на ГТЦ на 26-ти април, се организира корзо кое ќе започне од паркот Жена борец во 20 часот и ќе трае до 23 часот.

Во сабота, под мотото „Милениците го сакаат ГТЦ“, сите сопственици на домашни миленичиња ќе имаат можност да добијат бесплатни прегледи и консултации со ветеринари и кинолози.

Настанот започнува во паркот Жена – Борец во 13 часот.

Во паркот, во истиот период ќе се одржи и настанот „Најмладите творат за ГТЦ“ каде под менторство на ликовните уметници Ѓорѓе Јовановиќ, Инес Ефремова и Дороти Поцкова, најмладите ќе имаат можност да цртаат и да ја покажат својата креативност. За нив се обезбедени хамери и боички.

Во 14 часот, кружните скали кај ГТЦ ќе бидат собирно место за сите оние кои го користат Инстаграм кои ќе ја истакнуваат својата креативност изразена преку фотографии и видеа посветени на Градскиот Трговски Центар.

Би можело да ве интересира

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

A1on

Вклучи-исклучи на струјата во ГТЦ: Менаџментот ветувал дека ќе го плати долгот, за дуќанџиите да не останат во мрак

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Дојави за бомби во ГТЦ, во МНР и во неколку школи, во тек евакуација

Катерина Ѓуровски

Габриел Бајрам не се јавил на распит во полиција, ама се јавил на поканата за прослава на Владата

Кристијан Ландов