Координаторот на ДУИ, во 2013 ја чекал сопругата во ходникот, а не уништувал изборен материјал, сведочел Алими во СЈО

Од:

Обвинетиот координатор на ДУИ, Ејуп Алими, во 2013 година, на записник даден во ноември 2016 година во СЈО, изјавил дека тој ден кога било гласањето ја чекал сопругата која била претседател на избирачки одбор и се поздравил со присутните, а не влегол воопшто во просторијата за статистика.

„Мојата сопруга Јетмире беше претседател на избирачкиот одбор во Општина Чаир. Ја чекав сопругата во холот од 15 до 20 минути дури не заврши. Не влегов во просторијата за статистика. Не сум разговарал со никого од Општината“, изјавил Алими на записник, кој лично го потпишал и кажал дека нема забелешки на записникот.

Претходно во судот рече дека немало записничар и дека биле само тој и обвинителката Фетаи.

На следното рочиште во декември во видео-конференциска врска треба да сведочи клучен сведок на СЈО од Германија, кој судот се мачеше со месеци да го обезбеди.

Во „Титаник 3“, кој е пред пресуда, обвинети се пратеникот на ДУИ, Ејуп Аљими, и Исмет Гури. Тие како членови на општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништиле изборен материјал.

Според обвинението, двајцата обвинети со своите дејствија влијаеле директно врз изборниот резултат и ја фалсификувале изборната волја на граѓаните на Чаир за да остварат политичка моќ.

На двајцата обвинети им се закануваат најмалку по пет години затвор.

Би можело да ве интересира

Со еден од обвинетите била колешка, а со друг се познавала од слави: Судијката Димовска побара да биде изземена од Судечкиот совет во „Титаник“

Катерина Ѓуровски

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Падна „Титаник 3“ и затворската казна за експратеникот на ДУИ, Ејуп Алими

Ана Ололовска