Конкурс за сместување студенти во блоковите В и Г на домот „Гоце Делчев“

Од:

Откако во петокот и официјално беа пуштени во употреба блоковите В и Г од студентскиот дом „Гоце Делчев“, Министерството за образование и наука објави повторен конкурс за сместување студенти во овие два блока. Електронско пријавување почна вчера и ќе трае до 24 февруари.

Според конкурсот објавен на веб-страницата на МОН, слободни во В и Г се 408 легла. Во конкурсот се наведени условите за аплицирање, потребните документи и рокот за нивно доставување во МОН. Конечниот список за прием на студентите треба да биде објавен на 14 март 2020.

Со реновирањето на блоковите В и Г, целосно обновен и воедно енергетски ефикасен е најголемиот студентски дом во државата.

Како што соопшти министерот за образование и наука Арбер Адеми, во двата блока се инвестирани 2,7 милиони евра: 2,3 милиони евра за реновирање и модернизација и околу 400.000 евра за мебел и санитарии.

Покрај реновираните соби за сместување на студентите, помошните заеднички простории на еден од катовите се пренаменети во простории за спортски и рекреативни активности со вградена вентилација.

Премиерот Оливер Спасовски по посетата на блоковите во петокот изјави дека тие се реновирани по современи стандарди и со целосно новата опрема им овозможуваат идеални услови на студентите.

-Со ова завршува комплетното реновирање на „Гоце Делчев“ каде што ќе може да бидат сместени околу 1200 студенти или 30 проценти од капацитетот што го има Студентскиот центар. Тука не застануваме, треба да се заврши до крај проектот за партерно уредување на овој дом, рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

Студентското собрание го презентираше Студентскиот манифест – неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки

Имате стипендии на сметките, не дозволувајте манипулации им порача на студентите министерот Шаќири

Студентите си ги бараат неисплатените стипендии, ќе протестираат пред Министерството за образование

Ректоратот бара, МОН ветува дека нема да се зголеми партиципацијата за студентите

Орце Костов

Ќе се зголемува школарината за студентите: Предлогот за поскапување испратен до студентските собранија

Орце Костов

Ковачевски: Сите девет државни студентски домови ќе бидат реновирани, за почеток „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје

Предраг Петровиќ