Левица: Три години студентскиот оброк e без усогласување, студентите се оштетени за 6,5 милиони евра

Од:

На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена Младина, Марија Ванчева, посочи дека ДПМНЕ три години не го почитува законското право на студентите на усогласување на субвенционираниот студентски оброк со инфлацијата, со што студентите се оштетени за околу 6,5 милиони евра.

„Доказ за тоа дека ДПМНЕ не се грижи за народот, туку само за своето гласачко тело, е тоа што и оние минимални права кои законски им следуваат на студентите, ДПМНЕ спротивно на закон им ги ускратува. Имено, од студентите противзаконски се скратени околу 6,5 милиони евра!“, истакна Ванчева.

Станува збор за конкретна законска обврска. Законот за субвенциониран студентски оброк предвидува зголемување на износот согласно годишната инфлациска стапка пред донесувањето на Буџетот за наредната година. И покрај тоа што во меѓувреме се донесени три годишни буџети, износот на субвенционираниот студентски оброк останал непроменет.

„Иако поминаа 3 годишни буџети, мизерниот износ за субвенциониран студентски оброк остана ист! Односно, три години властите на секој студент му скратиле 650 денари месечно коишто законски му следувале“, посочи Ванчева.

Според Црвена Младина, ова не е само прашање на висината на еден студентски надоместок, туку показател за тоа кои граѓани власта ги става во својот политички фокус. Додека трошоците за живот растат, студентите не добиваат ниту законски предвидено усогласување на средствата што им следуваат.

„Ова е доказ дека во Македонија владее систем на геритократија! Ориентацијата на ДПМНЕ кон нивното гласачко тело ги држат и пензионерите и студентите во заложништво на различен начин“, рече Ванчева.

Ваквиот однос е особено проблематичен во услови кога младите масовно ја напуштаат државата, а власта не нуди сериозна политика за подобрување на нивниот материјален и студентски стандард, смета Ванчева.

„ДПМНЕ не нуди апсолутно никаква стратегија за подобрување на студентскиот стандард и за задржување на младите во Македонија. Гледаме како студентите и младите се тотално заборавени, игнорирани од страна на власта до степен да им ускратуваат дури и законски пропишани права!“, вели Ванчева.

Би можело да ве интересира

Левица: Игнорантниот Мицкоски прашува „Каде има корупција?!“, Рокас му одговара – во вашата власт, премиере!

Горан Наумовски

Рама повторно ги повика студентите на дијалог, овојпат на камена маса

Левица: Орце и ДПМНЕ повторно ги оставија жртвите на семејно насилство на цедило – не ги обезбедија ветените субвенции за кирии

Горан Наумовски

Левица: ДПМНЕ и СДСМ беседат само за ЕУ, а извештајот на ЕК ги потврдува критиките на Левица за корумпираните политики

Катерина Ѓуровски

Левица: Фемицидот во Богданци е уште еден доказ дека полицијата не ги штити жените кои пријавуваат насилство

Левица: ДПМНЕ не може да ги натера сопствените кадри да соработуваат, па го укинува законот за координација на тајните служби