Koњановски: Нашата цел е Битола да ја направиме модерен и уреден град достоен за сите

Од:

Нашата цел е Битола да ја направиме модерен и уреден град, достоен за сите, истакна Тони Коњановски, кандидат на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.

Во обраќање до јавноста, Коњановски посочи дека во изминативе четири години, Битола секојдневно се развива и гради.

-Во овој мандат, Битола конечно ќе добие модерен булеварски влез од страната на Охрид, како прв впечаток за сите посетители од оваа страна и симбол на новото време за Битола. Почнуваме со реконструкција и изградба на повеќе од 50 улици, како во градот, така и во руралните населби. Застарената водоводна и канализациона мрежа ќе биде обновена, со што обезбедуваме сигурно водоснабдување и поквалитетна животна средина, а новите улици ќе добијат целосна инфраструктура и нов асфалт. Секоја улица, секој пат што ќе го изградиме е вистински избор за иднината на нашите семејства, истакна Коњановски.

Би можело да ве интересира

Се бара притвор за насилникот од Битола: ја давел, ја удирал со тупаници и шлаканици

Битолчанецот пријавен за семејно насилство се предаде во полиција

Две девојчиња повредени, пожар и искршени дрвја од силниот ветер во Битола

Споменик на Јонче Христовски поставен во Старата чаршија во Битола

А1он

Антонио Јолевски назначен за в.д. виш јавен обвинител во Битола на местото на Пецо Везировски, кој е осомничен за поткуп

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ