Конференција за „Женското лидерство во областа на безбедноста“

Од:

Конференција на тема „Женското лидерство во областа на безбедноста“ ќе се одржи денеска на Факултетот за безбедност во Скопје.

Како што е најавено, конференцијата ќе ја отвори министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, а ќе говорат и претседателката на Комора за обезбедување на РСМ, Верица Милеска Стефановска, претседателката на Националниот совет за родова рамноправност, Савка Тодоровска, претставници на UN WOMEN во земјата, деканот и продеканот на Факултетот за безбедност-Скопје проф. д-р Никола Дујовски и доц. д-р Марјан Ѓуровски, претставници од Министерство за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Македонски полициски синдикат, Дирекција за заштита и спасување и други институции од земјата.

Целта на конференцијата е преку учество на раководители и експерти од областа на безбедноста да се детектираат предностите и слабостите на женското лидерство во безбедносните органи и институции во земјата.

 

Би можело да ве интересира

Претепани две жени – тројца мажи им влегле со дрва и шипки во дворот, се заканувале со убиство и при апсењето

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

A1on

Левица:Историчарите ги бојкотираат учебниците по концепција на Царовска

(ВИДЕО) Го убив мажот, ме тепаше – A1он со жените зад решетки

Жена и девојка се истепале во здравствен дом во Ѓорче Петров

Ангеловска-Бежоска: За повисок економски раст, потребна е поголема вклученост на жените во економијата

A1on