Евро-Атлантскиот совет на Македонија денеска во Скопје организира завршна конференција во рамки на проектот „Влијанието на Евро-Атлантските интеграции врз меѓуетничките односи“.
На конференцијата најавено е обраќање на вицепремиерот за европски прашања Арбр Адеми, на заменик-министерот за одбрана Беким Максути и на претседателот на Евро-Атлантскиот совет на Македонија, Исмет Рамадани.
По шестмесечното истражување за „Влијанието на Евро – Атлантските интеграции врз меѓу – етничките односи“, Евро – Атлантскиот совет на Македонија (АТА Македонија) одржа трибини во Тетово, Штип, Струмица и Куманово, со цел промоција на резултатите од истражувањето и стимулирање дискусија за овие важни теми.