Конференција „Патот кон добро владеење“

Од:

„Патот кон добро владеење“ е темата на финалната конференција во рамки на проектот АКТИОН Вишеград СЕЕ – Одговорност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа.

Во рамки на конференцијата ќе се промовира план за имплементација на принципите на доброто владеење во земјите од Западен Балкан – „Патот кон добро владеење“.

На конференијата ќе се одржат две панел-дискусии на тема: „Добри практики од регионот на Вишеградската група и од Балканот“ и „Достапност на податоци и истражувања за доброто владеење“.

На конференцијата ќе присуствуваат Кристине Д. Алтхаузер, амбасадорка на Германија во Македонија, Јацек Мултановски, aмбасадор на Полска во Македонија, претставници на партнерите во проектот од Вишеградската група: Чешка, Словачка, Унгарија и Полска, како и претставници на партнерските граѓански организации од земјите од Балканот: Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина.

Би можело да ве интересира

Лавров доаѓа во Скопје: „Изгледа Бугарија и вети на Македонија дека ќе го отвори воздушниот простор“

A1on

Во Охрид започна конференцијата „Евроатланските вредности на Балканот“

Жарко Настоски

Средби на министерката Мизрахи со колеги од Регионот

Драган Поповски

Брегу: Одливот на „мозоци“ е најголем предизвик за Западен Балкан

Процесот на пристапување во ЕУ е инвестиција во мир и безбедност

Успешни практики од ЕУ – инспирација за примена на целите за одржлив развој одржана конференцијата „Глобални цели за локална одржливост“

Ана Ололовска