Конференција: Независноста на медиумите не зависи само од регулаторот, туку и од самите медиуми

Од:

Регулаторните тела за медиуми од регионот се уште се гледаат како да се коментатори на политичките и на медиумските случувања, а независноста на медиуми не зависи само од регулаторот, туку и од самите медиуми, е оценката на претставниците од регулаторни тела кои денеска присуствуваат на регионална конференција во Скопје.

– Еден од мотивите на нашите агенции е да им помогнеме на медиумите во што поголем степен да бидат професионални и независни, но тоа во многу зависи од медиумите. Не е доволно само регулаторот да помага, туку мора и медиумите самите да работат на тоа. Се работи за долг процес имајќи предвид каква е историјата на сите наши држави. Нема доволно развиена култура за слобода на медиумите така што мислам дека тоа е процес кој во следниот период ќе го има својот финиш, многу позитивен, вели Елвира Цековиќ од Црна Гора.

Според Марија Стојанова од Бугарија, во балканските држави перцепцијата за регулаторните тела е погрешна.

– Во балканските држави работата на регулаторите се уште се гледа како да се коментатори на политичките и медиумските случувања, а всушност нашата работа е многу поразлична. Нашата задача е да ги контролираме содржините кои медиумите ги создаваат и публиката да има можност да добива фер информација согласно новинарските стандарди, етички и морални, кои ние ги заборавивме во нашиот регион, истакнува Стојанова.

Директорот на Агенцијата на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги Зоран Трајчевски смета дека за да се гарантира плурализмот и независноста на медиумите не е доволна само соодветна правна рамка, туку треба да се работи и да се инвестира и во човечки ресурси, особено во градењето на професионалниот капацитет на медиумските работници и во развојот на професионалните асоцијации.

Регионалната конференција е организирана по повод 20-годишнината од постоењето на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Македонија. На неа присуствуваат претставници од регулаторните тела на Србија, Црна Гора, Косово, Бугарија, Хрватска и Словенија. Регулаторите од Босна и Херцеговина, Грција и Албанија не присуствуваа, но, како што беше посочено, изразиле подготвеност за натамошна соработка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март