Од денес синоптичарите прогнозираат мало разладување. Во наредните три дена, Македонија ќе потпадне под влијание на малку посвежа и нестабилна воздушна маса од северозапад, што ќе предизвика во попладневните часови да биде нестабилно облачно со локален пороен дожд и грмежи.
Во одредени подрачја можно е да има невреме со засилен ветер и со појава на град.
Температурите ќе се движат до 33-от степен.